еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Македонија е тажна приказна, вели еврокомесарката за проширување Кос

За еврокомесрката за проширување Марта Кос, Македонија е тажна приказна во однос на евроинтеграциите.

„Јас доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија во поширока смисла.

Во некои аспекти регионот беше подобар пред 20 години отколку што е сега.

И постојат две многу тажни приказни или три. Една од нив е тоа што Косово не може да оди понатаму. Уште една тажна приказна е Северна Македонија…

Знаете, кога со Украина би чекале онолку долго, колку што Северна Македонија чека на почеток на преговорите, Украина би ги почнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е Босна и Херцеговина“, вели еврокомесарката за проширување во интервју за Радио Слободна Европа.

Таа додаде дека проширувањето денес е поинакво од она што беше пред пет години.

“Геополитиката се промени во смисла дека беше приоритет пред проширувањето, но не беше толку поврзана со делот кој се однесува на безбедноста и мирот. И повторно, со проширувањето денес некако се враќаме на основите поради кои е основана Европската Унија. Тоа беше поради обезбедување мир, слобода, просперитет и денес би можеле да додадеме – поради безбедност“, вели меѓудругото Кос.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Народната банка го објави решението за затворање на Еуростандард банка

Редакција

(Фото-галерија) Светските модели може да и позавидат на Каролина Гочева

Редакција

(Видео) Бигорски манастир божествен: Како беше дочекан Божик, во македонскиот Ерусалим

Редакција