Новиот вознемирувачки предизвик со парацетамол ја вознемири деновиве јавноста во земјава. Засега нема регистрирано труење од овој предизвик во Македонија, на кој веќе сериозно предупредија здравствените власти во Швајцарија и Белгија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Токсикологија нема пациенти кои учествувале во ТикТок предизвикот со парацетамол
Прашан за забрана на платформата ТикТок во земјава, по примерот на Албанија, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска изјави дека тоа ќе се случи во Македонија, ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса.
Според него, најавата за забрана на ТикТок во Албанија, е ад хок однесување, кое правело повеќе штета отколку напредок во функционирањето на државите.
„Ние имаме малку поразличен пристап, како што видовте со онлајн игрите на среќа. Кога е забележано дека тоа претставува проблем за поширок круг на граѓани, ние пристапуваме кон законски измени и кон забрана на пристапот на онлајн игрите на среќа коишто се нелегални.
Истиот пристап ќе го имаме и кон овие апликации. Доколку забележиме дека тоа од инцидент станува редовна практика, како што стануваат нелегалните онлајн коцкарници, тогаш ќе пристапиме кон забрана“, рече Андоновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предизвик со парацетамол на ТикТок, ќе стигне ли и во Македонија?
Фото: Унсплеш