Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска изјави дека Македонија работи на тоа да издејствува да потпише договор за слободна трговија со САД.
Министерката посочи и дека она што може македонската Влада да ѝ го понуди на американската администрација е и да се спуштат царинските стапки и до нула.
„Доколку не успееме да потпишеме таков договор, ќе видиме што ќе правиме понатаму. Од наша страна првично ќе понудиме намалување на царинските тарифи.
Подготвуваме измени во Законот за царинските стапки, со кои можеме да одиме на нивно намалување дури и до нула, зашто ефектот нема воопшто да биде голем, бидејќи целиот извоз лани бил нешто над 100 милиони евра, што е многу малку во споредба со размената со останатиот дел од светот,“ рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одлуката на САД за царините, нема да има голем импакт врз нашата економија, велат од Влада
Фото: Unsplash