еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Минатата недела намалување од 22,7% на бројот на случаи со Ковид-19

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 15 до 21 август тестирани се вкупно 6.867 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 10,6% во однос на минатата недела (n=7.682).

“Регистрирани сe 2.686 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 22,7% во однос на минатата недела (n=3.476).

Процентот на позитивност се движи од 29,0% до 44,2%, просечно 37,4%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.1130; 42,1%).

Највисока инциденца е регистрирана во Делчево (353,3/100.000), Кавадарци (344,1/100.000), Гевгелија (291,9/100.000), Пехчево (276,2/100.000), Охрид (252,1/100.000), Неготино (247,3/100.000), Берово (238,8/100.000) и Кратово (238,6/100.000)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минатата недела 20 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од Охрид, 5

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пропадна уште еден обид за изградба на „Чебрен“, грчката фирма нема да ја гради хидроцентралата

Редакција

Лажни се денешните пријави за поставени бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

Нормално е да има испади во капацитети за производство на струја стари 40 години, оцени Ковачевски

Редакција