еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонскиот пасош на 36. место во светот, без виза со него се патува во 81. држава

Според платформата „Паспорт индекс“ македонскиот пасош е на 36. место на Листата на најмоќни пасоши.

Со него без виза може да се патува во 81. држава, виза е потребна за во 68 држави, а во 49 визата се добива на граничен премин.

Од државите во регионот, подобро котираат хрватскиот кој е на 8. место, бугарскиот на 9, а српскиот на 32 место.

На прво место е пасошот на Обединетите Арапски Емирати, на второ пасошите на Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија, а на трето пасошите на Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија.

Најдолу на листата, на 98. место е сирискиот пасош, со кој може да се патува без виза во само 8 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

51-годишен маж најден починат во неговиот дом во скопски Аеродром

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

Од Ковид-19 починаа 15 лица, дополнително пријавени уште 5, меѓу кои и 33-годишно лице

Редакција