еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонски државјанин во Германија со нож ја убил поранешната партнерка пред нејзините три малолетни деца

Македонски државјанин во Германија со месарски нож ја убил поранешната партнерка пред нејзините три малолетни деца.

Убиството, како што пренесе Билд, се случило во германскиот град Дортмунд, а убиената жена е на 30-годишна возраст.

Сведоци на убиството биле нејзините деца, на возраст од 3, 4 и 6 години, кои побарале помош од соседите, кои се јавиле во полиција.

Децата првично се згрижени од Канцеларијата за заштита на млади, се прегледани во детска клиника и се неповредени. Потоа ќе бидат однесени кај семејството на нивната мајка.

По нападот, сторителот ја оставил жената тешко повредена во ходникот и избегал, а најверојатно планирал да се врати во Македонија, но полицијата го уапсила на автопатот Вирцбург.

Тој сега е во притвор во Нирнберг, а подоцна ќе биде префрлен во Дортмунд.

Двојката неколкупати била на суд поради семејно насилство. Жената планирала да се раздели од него и да започне нов живот, па на крајот на октомври се преселила во нов стан во Дортмунд во Северна Рајна-Вестфалија со своите три деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доколку државата седи со скрстени раце, другите производители ќе го платат „цехот“ на „Нефа мебел“

Редакција

Албанија попушти, Фреди Белери, поради кој се скара со Грција, пуштен од затвор

Редакција

МВР со детали за нападот на новинарката на Канал 5 на Водици во Скопје

Редакција