Макошпед АД Скопје за периодот јануари – септември 2024 година остварил добивка од 12.013 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 10.740 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи за период јануари – септевмри 2024 година изнесуваат 30.026 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2023 година бележат намалување.
Оперативните приходи изнесуваат 18.940 илјади денари и бележат намалување во однос на оперативните приходи за истиот период 2023 година, што се должи пред се на платените царини и нивно префактурирање на комитенти во 2023 година.
Финансиските приходи изнесуваат 11.086 илјади денари и бележат зголемување во однос на 2023 година.
Вкупните расходи за период јануари – септевмри 2024 година во износ од 18.013 илјади денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2023 година.
Оперативните расходи во периодот јануари – септевмри 2024 година изнесуваат 18.012 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2023 година.
Финансиските расходи изнесуваат 1 илјади денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2023 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макошпед со добивка во првото полугодие
Колкава плата имал лани директорот на Макошпед