Во македонското Собрание денеска се донесени измените на Законот за потрошувачи, со кои трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите и на нивните веб страници, па граѓаните полесно ќе можаат да ги споредуваат цените.
Тие што имаат повеќе од еден продажен објект треба да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект.
Овој закон се однесува на мали, средни и големи трговци, а од обврската се искучуваат микротрговците и трговците поединци.
Со измените исто така се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку видат неусогласеност на цените.
Законските измени предвидуваат и глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.
Фото: Игор Бансколиев