еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Министрите Меџити и Алиу пред разрешување поради несогласувањата на Таравари и Меџити

Како и што најави еМагазин пред неколку дена, поради несогласувањата на претседателот на владејачката Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села, можна е смена на некои од министрите на партијата во техничката влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој е долгодишен пријател со Таравари, очекувано застана на негова страна, како и министерот информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден министер застана зад Таравари во несогласувањата со Села

На страната на Села пак застана министерот за правда, Кренар Лога.

Несогласувањата помеѓу актуелниот и поранешниот лидер на партијата се поради тоа како треба да настапи АА на престојните избори, сама, како што бара Села или во коалиција со Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз, како што бара Таравари.

Од АА во која во моментов не е целосно јасно кој донесува одлуки, кој комуницира со јавноста и кој стои зад Таравари, а кој зад Села, вчера информираа до техничкиот премиер Талат Џафери ќе предложат разрешување на Меџити и Алиу.

Одлуката за ваквиот предлог била донесена од страна на кадровската комисија на партијата.

„Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од седум члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа одлучи да му предложи на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и министерот за здравство“, информираа од партијата, од каде велат дека одлуката е поради тоа што двајцата министри спровеле дејствија спротивни на етичкиот кодекс, уценувале и вршеле притисок врз членовите на АА и врз вработените.

Министрите не даваат оставки

Двајцата министри по барањето на АА, одржаа прес-конференција пред Владата и најавија дека нема да поднесат оставки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити и Алиу нема да поднесат оставки, ќе бидат ли сепак сменети?

„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување, бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа и бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Алиу.

Тие посочија и дека АА е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој доаѓа на местото на разрешената директорка на Пошта, која е на страната на Таравари

Како се разрешува министер

Министер се разрешува во Собрание.

Доколку има барање за разрешување на министер тоа прво се испраќа до премиерот, по што тој носи одлука дали тоа ќе го пренесе до Собранието.

На располагање е и опцијата интерпелација во Собранието, а за да еден министер биде разрешен е потребно просто мнозинство, односно 61 глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешени директори на АА кои застанаа на страната на Таравари

Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?

Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на Алијансата за Албанците

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна судењето против министерот Османи за навреда и клевета

Редакција

34-годишен маж пронајден мртов под Железен мост во Велес

Редакција

(Фото) Будва – бисерот на Јадранот една од најпопуларните летни дестинации оваа година!

Редакција