еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?

Случувањата во владејачката Алијанса за Албанците се во фокусот на јавноста, а една од можните разврски во несогласувата на претседателот на партијата, Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села, е партијата да се подели.

Дали тоа ќе се случи ќе биде појасно по седницата на Централното собрание, која треба да се одржи во сабота, а на истата треба да се одлучи дали партијата ќе им се приклучи на Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз, како што бара Таравари или ќе оди сама на избори, како што бара Села.

Можна поделба во партијата, која моментално е изненадување за пошироката јавност, пред две недели во интервју за телевизијата 24 најави и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој зборувајќи за можни партнери на ДУИ, во интервјуто рече „и тоа што ќе остане од Алијанса за Албанците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден министер застана зад Таравари во несогласувањата со Села

Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?

Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на Алијансата за Албанците

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина, не можеме вечно да живееме во карантин

Редакција

Се стравува дека бројката уште ќе расте: 40 загинати од земјотресот во Албанија

Редакција

Бугарскиот европратеник им пиша европратениците поради македонската Резолуција

Редакција