еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?

Несогласувањето помеѓу лидерот на владејачката Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари и поранешниот лидер на партијата и претседател на Централното претседателство, Зијадин Села, за тоа како АА треба да настапи на престојните избори е во фокусот на јавноста.

Таравари сака партијата да оди во коалиција со Беса, Алтернатива и Демократски сојуз, а Села, АА да настапи сама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пронајден куршум во дворот на Таравари

Нападнат директорот на Алијанса за Албанците, Небиу, оти му дал подршка на Села

Несогласувањата предизвикаа и инцидент. Синоќа физички беше нападнат кадарот на АА, Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, кој даде подршка на Села, а Небиу за медиумите изјави дека го нападнал подржувач на Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Различните ставови на Таравари и Села, предизвикаа и поделба во партијата. Министерот за правда, Кренар Лога јавно застана зад Села, а министерот за здравство Фатмир Меџити, зад Таравари.

Дали несогласувањата во партијата ќе предизвикаат и смена на некој од овие двајца министри, кадри на партијата, останува да видиме.

Одлуката како партијата ќе настапи на парламентарните избори треба да ја донесе Централното собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на АА

Села: Алијанса на Албанците не е на пазар и не се продава, оди сама на избори

Таравари на изборите сака Алијанса за Албанците да се приклучи на албанската опозиција

Фото: АА/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР откри група што продавала лажни тестови за Ковид-19, приведени седум лица

Редакција

„ЗК Пелагонија“ го продава „Комплекс Александрија“ за најмалку 10,5 милиони евра

Редакција

Негативна кампања и опструкција на закажаните концерти: Македонците во Австралија го бојкотираат Танец

Редакција