еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР изрече 1.570 казни за викендов, од кои половина за брзо возење

Изминатиов викенд полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1.570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Заради непрописно паркирање биле издадени 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола, 141 лице било отстрането од сообраќајот.

„Исто така, евидентирани се 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, изречени се 31 санкција за возачите на мотоцикл за управување без заштитна кацига, 27 мерки се изречени за користење на мобилен телефон при возење, а осум санкции за возачи кои минале на црвено светло, додека пак 61 возач е отстранет од сообраќај заради недозволено количество алкохол во крвта.

По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 39 возила од кои 11 поради техничка неисправност, а 28 заради тоа што биле нерегистрирани,“ се вели во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18-годишник со украдено возило прегази малолетничка, која почина

Редакција

Дури 70% од возилата на противпожарните единици во Македонија се од минатиот век

Редакција

Алкалоид со консолидирани продажби од 153,9 милиони евра, извоз од 106,9 милиони евра и со инвестиции од 11 милиони евра во периодот јануари – јуни 2024

Редакција