Министерството за внатрешни работи набави нова машина за печатење на лични документи, која тројно треба да го зголеми капацитетот и да го забрза издавањето на издавање на лични документи.
„Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава Министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој.
Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните, туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој уште еднаш апелираше до сите граѓани дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.
Фото: МВР