еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерство за правда достави до Владата предлог за разрешување на Љупчо Коцевски

Од Министерството за правда информираа дека до Владата е доставен предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

-Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50. седница на Владата, презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за јавното обвинителство и Уставот.

Во изминатиот период бевме сведоци  на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство.

Државниот јавен обвинител постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Законот за јавното обвинителство е наведено дека јавниот обвинител е одговорен за општите состојби во врска со организирањето и извршувањето на функциите на Јавното обвинителство и за својата работа одговара пред Собранието. Собранието пак, како највисок претставнички орган на граѓаните е уставно надлежен за именување и разрешување на јавниот обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е државниот јавен обвинител Коцевски за кого Владата бара разрешување

Каков имот пријавил државниот јавен обвинител Коцевски, за кого Владата бара разрешување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само братство и пријателство

Редакција

Каков имот пријавила Силвана Бонева, која е ослободена за случајот со патните трошоци

Редакција

44-годишна жена од валандовско смртно прегазена во струмичко

Редакција