Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, информираше дека во Вашингтон, САД, каде беше во работна посета, престојувал во хотел со 3+ ѕвезди.
Тој меѓудругото неговата посета ја окфалификува како „како историска на највисоко ниво што некој некогаш ја направил“ и дека од тоа единствени кои ќе имаат бенифит се граѓаните и Македонија.
Со Мицкоски во Вашингтон беа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Економијата и инвестициите во фокусот на средбите на Мицкоски со бизнисмени во Вашингтон
(Фото) Мицкоски ја следеше инагурацијата на Трамп со претседателот на Републиканците
Фото: Влада