еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Петков ќе го смени министерот Јанев оти не го користи зборот „војна“ за рускиот напад на Украина

На вонреден состанок на бугарската влада ќе се разговара за разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев.

Се очекува оставката на Јанев да биде изгласана на вонредна седница на Националното собрание во вторник. Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков во вонредна изјава на Советот на министри, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот премиер изјави дека ниту еден министер нема право на своја политика, особено на Фејсбук, посочувајќи го неговото несогласување со ставот на Јанев да не го користи зборот „војна“ за руските напади врз Украина.

Изборот ќе следува откако Јанев на социјалната мрежа Фејсбук, коментирајќи ја инвазијата на Русија над Украина напишал дека на 200 километри од Бугарија се одвива „операција“. Тоа не било во склад со проевроспката политика на Бугарија.

Стефан Јанев доцна синоќа преку објава на Фејсбук напиша дека ќе биде сменет од функцијата:

„Не очекувајте да поднесам оставка во оваа геополитичка ситуација, моите обврски како министер за одбрана не го наложуваат тоа. Доколку оставката е само прашање на процедура, сметам на коалициските ‘партнери‚ и на политичката сила што наводно ме поддржувала, да ги придвижат работите по соодветниот ред“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Руската рубља драматично паѓа, Русите панично вадат пари од банкоматите

(Видео) Снимка која го обиколи светот: Украински жител до руските војници: „Имате своја земја, што барате тука„

(Видео) Во Русија продолжуваат протестите против војната во Украина, полицијата ги апси демонстрантите

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тачи вели дека сега не е време за уцени, нема да условува со бришење на формулацијата “20%“

Редакција

За Бугарската академија на науките македонскиот јазик не постои, бил наречје на бугарскиот

Редакција

Матичните лекари веќе може да препишуваат терапија за притисок, шеќер, астма, проблеми со штитната жлезда

Редакција