еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Можни индиректни последици од случувањата во Украина

Треба да се продолжи со внимателно следење на ситуацијата, која се менува од час во час. Со оглед на малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и Украина, не се очекуваат директни последици, но можни се индиректни. Најновите случувања влијаат особено на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата неизвесност може да ги влоши изгледите за раст на европската и на светската економија, констатира на седница, Советот на Народната банка (НБ).

Според НБ, заштитните механизми во нашиот финансиски систем се соодветни и тој ќе продолжи да функционира непречено и да овозможи поддршка на економијата.

Руски или украински капитал не е присутен во сопственичката структура на нашите банки, така што од тој аспект нема изложеност врз стабилноста на домашниот банкарски систем.

На седницата на Советот е констатирано дека девизните резерви се во сигурната зона и обезбедуваат доволна девизна ликвидност на домашната економија и стабилност на домашната валута.

Според НБ, стабилноста на финансискиот систем е поддршка за економијата, особено во услови на сè поголеми предизвици кои доаѓаат од надворешното окружување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рестрикции нема, но неопходно е рационално трошење на струјата, вели Бислимоски

Ескалацијата на состојбата во Украина ќе удри и по македонскиот џеб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27,2% од новозаболените со Ковид-19 со претходни заболувања

Редакција

Приведен напаѓачот на снимателот и новинарите на ТВ Алсат

Редакција

(Видео) Сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“ ја шокира Македонија, Обвинителството оформи предмет

Редакција