еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“ ја шокира Македонија, Обвинителството оформи предмет

Истражувањето на ИРЛ (Investigative Reporting Lab), “Нечиста крв“, кое се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово и на кое редакцијата на ИРЛ работела 22 месеци, ја шокира Македонија.

ИРЛ објави дека приватната болница “Жан Митрев“ го применувала методот хемофилтрација (филтрирање на крвта) за лекување од Ковид-19, кој според ИРЛ практично бил клиничка студија.

Наспроти домашните законодавство, клиничките студии не биле пријавени и одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

ИРЛ објави и дека во научните трудови објавени врз основа на клиничките студии во “Жан Митрев“, пишува дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Тоа за ИРЛ го тврдат и дел од роднините на починати пациенти во болницата.

Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката “Жан Митрев“ ниту еднаш не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако по закон треба да го извести државниот орган.

Порталот 360 Степени, објави дека Јавното обвинителство веќе оформиле предмет за овој случај.

„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка.

Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, велат од Обвинителството за 360 Степени.

Стотици нови пријави од граѓани добиле новинарите на ИРЛ по објавата сторијата во рамки на серијалот „Редакција“, објави агенцијата Мета.

Пријавите од граѓани се однесуваат и на лекувања и третмани во други приватни и државни болници, а не само на болницата на Жан Митрев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реакција од Клиниката Жан Митрев: Фабрикувани информации насочени кон креирање на лажна слика за работата на болницата

Видео/фото: ИРЛ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првиот заболен функционер од Ковид-19, градоначалникот Крстев се ширеле дезинформации дека починал

Редакција

Која е Татјана Димитровска, новата претседателка на Антикорупциска

Редакција

Вкупно 522 лица во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19, пет од нив починале

Редакција