еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тачи вели дека сега не е време за уцени, нема да условува со бришење на формулацијата “20%“

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи пред лидерската средба во Собранието изјави дека со добар дијалог треба да се постигне договор за уставните измени и дека нема друг пат да се деблокира интеграцискиот процес.

За тоа дали и тие имаат услови како другите партии на Албанците, Тачи рече дека тргањето на 20 проценти од Уставот е нивен предлог, но оти исто така сега не е време за уцени.

-Јас секогаш викам дека сум полош од сите, не ме ставајте во такви формулации. Јас не знам кои се тие останати политички партии на Албанците. Ако мислите дека тоа е Беса, за мене тие се се уште дел од коалицијата со СДСМ.

Да, тоа е нашиот предлог. Многу е лошо кога книгата вие ја пишувате ќе ја предава некој друг на универзитет. Тоа е крадење платформа, крадење на една идеја. Мислам дека е време да се разговара веќе јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава, рече Тачи, додавајќи дека сепак сега не е време за услови и за уцени.

Според него, „не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграцискиот процес“ и дали се тие многу или малку за него не е толку важно.

-Јас разговарав со господинот Ахемти за оваа тема, ќе продолжиме да разговараме, но ние немаме никаков услов. И тоа треба многу јасно да се кажува. После ќе раговараме исто како што разговаравме со господинот Ахмети и со нашиот коалиционен партнер и со македонската опозиција.

Имаме јаки аргументи, но не е моментот да се воспоставуват услови или рокови. Ова е многу поголем процес од оваа другото, рече лидерот на ДПА Тачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерката на ДОМ, Морачанин, не очекува дека денеска ќе има договор за уставните измени

Демократски сојуз ќе даде подршка за уставните измени ако Бугарија го признае македонското малцинство

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„На колку е осуден Муковски? На 210 тендери“: Твитер за пресудите за 27.април

Редакција

СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа есен

Редакција

До сега немало контраиндикации од вакцините за луѓе со алергии, вели Филипче

Редакција