еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски во Германија и повторно во САД

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација, која од денеска и во наредните три дена ќе биде во Минхен, Германија, на Минхенската безбедносна конференција.

Главната тема на Конференцијата е секако војната во Украина, а на истата е можно и преставување на американскиот мировен план.

Мицкоски, како што најавија од Владата, на Конференцијата ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на Конференцијата, посветен на ЕУ пристапните преговори на Западен Балкан, како и на панел дискусијата на Форин Полиси, каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.

Се очекува да има и повеќе билатерални средби со преставници на Европската унија и негови колеги од регионот.

По завршувањето на Kонференцијата, Мицкоски повторно ќе отпатува за Вашингтон, САД, каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на Американската Конзервативна Партија, (ЦПАЦ), што е најголем собир на конзервативците.

Таму се очекува и негово обраќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ е во владината делегација, предводена од Мицкоски, која ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе нема воз од Скопје до Солун

Редакција

„Макпетрол“ организира работилници против врсничко насилство наменети за родители

Редакција

Во сообраќајка, се запали возило со мигранти: Еден загинат, 11 згрижени во болница во Кавадарци

Редакција