еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мијалков не добил согласност за условен отпуст и враќање на пасошот од Обвинителството

Од Основното јавно обвинителство се огласија во врска со условниот отпуст на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата.

Од таму велат дека Обвинителството дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков слободно може да се шета во Монако, велат од Кривичен, целосно е ослободен

-Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, обвинителот вложи и жалба, меѓутоа таа беше отфрлена како недозволена, бидејќи во меѓувреме, со измени на Законот за извршување на санкциите објавени во Службен весник на 2. април 2024 година, од членот 254 е избришана одредбата која предвидуваше обврска решението за условен отпуст да се доставува до јавниот обвинител, а со членот 256 практично целосно беше одземена можноста на јавниот обвинител да се жали на одлуката за условен отпуст.

Тоа значи дека од тие измени, јавниот обвинител ниту е известен ниту има можност да се жали на условниот отпуст. Со оглед на тоа, во мај 2024 година, кога Сашо Мијалков добил конечна одлука за условен отпуст, јавниот обвинител воопшто не можел да има никакво влијание врз таквата одлука ниту врз заштитениот надзор врз условно отпуштениот.

Тој надзор го одредува исклучиво Судот и согласно закон (член 255) може да се состои во посебни мерки на помош, грижа, надзор или заштита кои ги спроведува надлежен орган согласно со закон.

Кога станува збор за предметот “Трезор”, надлежниот јавен обвинител и таму ниту еднаш нема дадено позитивно мислење за враќање на патната исправа. Напротив, на 31.05.2024 година обвинителот даде негативно мислење за враќање на пасошот на обвинетиот, а потоа на 19.06.2024 година вложи и жалба на решението на Кривичниот совет со кое беше укината таа мерка на претпазливост.

Позитивно мислење во во тој предмет е дадено само во однос на укинување на гаранцијата и тоа по донесена правосилна ослободителна пресуда од Апелацискиот суд.

Позитивно мислење на јавниот обвинител за определените гаранции во сосема друга кривична постапка која завршила правосилно со ослободителна пресуда на Апелацискиот суд не може да однесува на мерките потребни за надзор над условниот отпуст за правосилно осудено лице, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од запленетиот имот на Мијалков државата вратила 600 илјади евра, треба да се вратат повеќе од 20 милиони евра

“Мијалков снимен во Монте Карло, е не ќе седи во загаденото“: Реакции на социјалните мрежи

(Видео) Мијалков снимен со ферари во Монако

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на овошјето и зеленчукот ќе останат замрзнати до 31 мај

Редакција

Откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ по Самитот со земјите од Западен Балкан

Редакција

По фијаското во Собранието: Пратениците шест месеци треба да работат без плата

Редакција