Откако вчера во руски напад на главниот град на Украина, Киев, беше оштетна и македонската Амбасада, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин бил повикан во македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), каде му била врачена протестна нота, информираа од таму.
-На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Северна Македонија, информираа од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската амбасада оштетена во руски напад на Киев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.