еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зеќири осуден на казна затвор од две и пол години, треба да врати и 71 милион денари

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири доби казна затвор од две и пол години за „злоупотреба на службената положба и овластување.“

Во казната затвор му се засметува и времето поминато во притвор во затвор и во куќен притвор.

„Судот обвинетиот го осудува на казна затвор од две години и шест месеци, а во вака изречената казна затвор му се пресметува и времето поминато во притвор и куќен притвор.

Се задолжува Мухамед Зеќири да ја надомести штетата 71.338.336 денари во рок од шест месеци по пресудата“, рече денеска во Кривичниот суд судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Тој е обвинет дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Според последните измени на Кривичниот законик, за оваа дело е предвидено казна затвор од 1 до 5 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јас само спроведов предлог на вицепремиерот Битиќи, ќе се жалам: Зеќири за затворската казна

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Употребата на социјални медиуми ќе се регулира со стратегиите за дигитализација и за медиуми, најави Ковачевски

Редакција

Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Димитров и за пратеничката плата на Груевски

Редакција

(Видео) Лидерот на руската паравоена група „Вагнер“, Пригожин загина во авионска несреќа

Редакција