еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Муцунски очекува стратешка одлука за Македонија, ЕУ чека уставни промени

Годинава Македонија обележува 20 години од доделувањето на кандидатски статус за членство во Европската Унија (ЕУ), а и понатаму останува неизвесно дали земјата конечно ќе ги почне преговорите.

Услов за тоа остануваат уставните измени, за да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, а тоа пред неколку дена уште еднаш го повтори еврокомесарката за проширување, Словенката Марта Кос.

Таа освен што кажа дека очекува Македонија да си го смени Уставот, кажа и дека на патот до членство на земјата ќе и престојат можности за “150 вета“, односно толку одлуки со консензус се потребни пред да заврши процесот.

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој вчера имаше средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, пак, бара стратешка одлука за понатамошниот напредок на Македонија во процесот на европската интеграција.

„Поминати се две децении во кои земјава вложила значителни компромиси, а сега е време и Унијата да ја донесе стратегиската одлука за тоа како ќе се постапува понатаму со Северна Македонија и регионот“, изјави Муцунски, додавајќи дека земјата е подготвена да продолжи со дијалог и да бара рационални решенија.

На истата средба беше и евроамбасадорот Гркот Михаилис Рокас, кој изрази оптимизам за европската иднина на земјата, според кого 2025 година може да биде пресудна година за Македонија, ако се испочитуваат важните реформски процеси.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни од 20 евра за граѓаните кои од 30. април нема да носат маска

Редакција

(Видео) Американец уби 6-годишно дете со палестинско потекло поради војната во Израел

Редакција

Жена од Скопје пријавила дека наставник поттикнувал малолетник физички да го нападне нејзиниот син

Редакција