Еден од најголемите акционери во Македонијатурист АД Скопје, М.Г. Фешн, кој поседува 11,26% од акциите, предложи свои кандидати за нови членови на Надзорниот одбор на Друштвото.
Пред неколку дена најголемиот акционер во Македонијатурист, Скопски пазар АД Скопје, побара вонредно Собрание на акционери за избор на нов НО, кое е закажано за 17. февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
М.Г. Фешн ги предлага Леонид Антиќ, Стефан Спировски, Костадин Саздовски и Сашо Данаиловски, за независен член.
Фирмата во предлогот објавен преку Македонската берза достави и нивни биографии.
Антиќ во Холандија завршил студии за Интернационална бизнис администрација, а моментално е оперативен менаџер во Гранд Скопје, М.Г. Фешн и член на Управниот одбор на Фешн Груп Македонија.
Спировски e бренд промотер на Филип Морис. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Саздовски е магистер по машински науки и е оперативен менаџер во М.Г. Фешн. Претходно работел во неколку компании, меѓу кои и Балкан Енерџи.
Данаиловски дипломирал на Градежниот факултет. Работи како комерцијален директор на градежната компанија Ривер Девелопмент.
Од фирмата исто така предлагаат членовите на НО да имаат шестгодишен мандат со надомест во висина на две просечни месечни нето плати за претседателот на НО, по една за членовите, а за независниот член во висина на 90% од просечната месечна нето плата исплатена во последните три месеци во Друштвото.
Во НО на Македонијатурист моментално се Доне Таневски, кој е претседател, Верица Хаџивасилева Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски.
Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопски пазар, најголемиот акционер, купи нови акции на Македонијатурист
Промедика купи нови акции на Македонијатурист
М.Г. Фешн која неодамна продаде, сега купи нови 50.912 акции на Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев