еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Над половина од граѓаните во Македонија не можат да си дозволат годишен одмор

Над половина од граѓаните во Македонија, или 55% не можат да си дозволат годишен одмор надвор од местото на живеење, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Во Албанија тој процент изнесува 58,3%, во Турција 60,8%, Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).

Во Грција процентот на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7.

Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто, во Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и во Исланд (8,6%).

На одмор не можат да одат и 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Францусите и 36,6% од Шпанците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.238

Редакција

Костовски за пропаѓањето на „Еуростандард банка“: Правдата ќе ја барам во странство, ова е долго планиран атак

Редакција

Без симптоми 27,1% од заболените од корона вирусот

Редакција