еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Напад врз суверенитетот на државата”: МНР ја осуди изјавата на Костадинов за припојување на Македонија кон Бугарија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија (МНР) остро реагира на објавата на лидерот на бугарската проруска и крајнодесничарска партија Преродба, Костадин Костадинов, во кој тој изразува територијални претензии кон Македонија.

МНР го квалификува тоа како „директен напад врз суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на бугарската „Преродба“ бара припојување на Македонија кон Бугарија

Во реакцијата, Министерството нагласува дека ваквите изјави на бугарски официјални лица се не само неприфатливи, туку и спротивни на основните принципи на меѓународното право, кои подразбираат немешање во внатрешните работи на суверени држави.

Дополнително, ваквите изјави го нарушуваат процесот на градење добрососедски односи, кој е суштински за регионалната стабилност и европските интеграции, велат од таму.

-Очекуваме официјална Софија јавно да ја осуди оваа недолична изјава на Костадинов како непримерна за духот и времето во кое живееме, но и спротивна на европските стандарди и нашите заеднички заложби за мир, стабилност и просперитет во регионот, велат од МНР.

МНР потсетува дека градењето на добрососедски односи е клучен дел од политиката на Македонија, како и од заедничките европски вредности што треба да ги почитуваат сите земји во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче очекува реакција од Софија и ЕУ за изјавата на лидерот на бугарската „Преродба„ за припојување на Македонија со Бугарија

Кој е Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“, за кој македонското МНР реагира со вербална нота

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како ќе се изјаснат партиите на Албанците: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ прифатлива за СДСМ, ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз

Редакција

Бугарската црква ја призна македонската црква, за името допрва ќе одлучува

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ почнаа преговори за коалицирање

Редакција