еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најстрога казна за сите обвинети за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица побара Обвинителството

Денеска во Кривичниот суд во Скопје во завршниот збор на судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 30 беа повредени, јавниот обвинител Дарко Јакимовски побара најстрога каза за сите обвинети, зависно од одговорноста.

Во овој случај се обвинети се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Тројца вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Како што посочи Јакимовски кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето можел да резултира со вакви или слични последици“.

Тој меѓудругото рече и дека сите имале правна должност да спречат да не дојде до несреќата и посочи дека смета оти не се работи за лекомисленост, бидејќи, како што рече, штетните последици можеле да ги спречат.

– Предлагам обвинетите најстрого да бидат санкционирани за делата кои им се стават на товар. Станува збор за особено тешки последици, некои од оштетените ќе живеат со тие трауми цел живот, рече Јакимовски.

Побара и на сите обвинети да им се забрани вршење на професија.

Несреќата се случи на 13. февруари 2019 година.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 672 прекршоци за неносење маска

Редакција

Седум лица, од кои две деца завршија во болница поради труење со хлор во базен во хотел во Охрид

Редакција

Еден од подметнувачите на пожарот во кафе барот на државниот правобранител Речи во Охрид има 19 години

Редакција