еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Денот на независноста на Косово, албанската опозиција во Македонија потпиша декларација за обединување

Лидерите на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари и опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП), Изет Меџити на Демократското движење, Африм Гаши на Алтернатива и Биљал Касами на Движењето Беса, денеска потпишаа декларација за обединување во коалиција „Влен“.

Во декларацијата акцент е ставено на членство во Европстана Унија, соработка со стратешките партнери, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, радикални реформи во подобрувањето на животниот стандард.

Таравари, кој со оваа декларација ја официјализираше соработката со опозицијата, изјави дека „денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозицски партии, првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат.“

„Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка и се надевам на 8. мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок. „Влен“ значи, вреди – вреди да се гласа,“ изјави Таравари.

Меџити изјави дека со потпишувањето на оваа декларација, на Денот на независноста на Косово, се поставуваат нови темели на нова ера кај албанските партии во Македонија.

„Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека е дојдено времето за голема политичка промена во земјата. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, без разлика – млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари – придружете се кон промената која доаѓа,“ рече Меџити.

Касами порача дека „сега е историскиот момент кога се случуваат промени кои ќе го вратат достоинството на Албанците“.

„Во овој момент, сите заедно ја запечатуваме нашата иднина, која е полна со надеж, која ќе се гради врз темелите на демократијата. Сојузот е едно од најголемите обединувања на Албанците на Балканот. Вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува олдучноста, револуционерниот дух и волјата за промени кај албанскиот народ,“ рече Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари на Конгрес му ја укина партиската функција на Села

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Каков имот пријавил Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанската опозиција

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска од која е заболен вработен на Инфективна

Редакција

(Фото) Загадена си, валкана си, ама за нас си најубава: Поинаква честитка за денот на ослободување на Битола

Редакција

„Од денеска за Србија бесплатно“: Што пишуваат српските медиуми за укинување на патарината

Редакција