еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори, информираат од Министерството за здравство.

Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек.

Трансплантацијата е извршена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Кинеските вакцини не созддаваат клеточен имунитет, нивната заштита многу брзо „бледее“

Редакција

Најмладата има 23 години: Познат идентитетот на трите загинати жени кои со автомобил излетаа во Вардар

Редакција

Нови 868 случаи на Ковид-19 од 3.654 тестирања

Редакција