еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На кој обвинет во „Адитив“ претседателката на Антикорупциска му одавала податоци кои се државна тајна

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска е во фокусот на јавноста, откако заедно со уште две лица е осомничена за случајот „Адитив“.

Таа според Основното јавно обвинителство одавала податоци кои се службена тајна на лице, кое е веќе осомничено во истиот случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, одавала податоци кои се службена тајна, на обвинет во случајот „Адитив“: Детали од Обвинителство

Неофицијално, станува збор за поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, на кого таа преку својот службен телефон му давала податоци за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот.

Димитровска остана без пасош, а нема да може да врши и работни активности во ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, остана без пасош, осомничена е за случајот „Адитив„

Во случајот „Адитив“ освен Стојановиќ се осомничени и двајца поранешни директори на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство и неговиот наследник Васко Стефанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра

Меѓу осомничените е и поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски.

Случајот се однесува на набавка на адитив за ЕСМ и ТЕЦ Неготино при што според Обвинителството е направена проневра од 6,5 милиони евра.

Осомничени се над 30 физички и правни лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничената за „Адитив“ претседателка на Антикорупциска има плата од 139.500 денари

Која е Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“ и остана без пасош

Обвинение за 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хрватски фудбалски навивачи на Динамо во Атина убија 29-годишен навивач на АЕК

Редакција

28-годишното момче од Скопје кое почина од Ковид-19 имало претходно заболување

Редакција

И такото на Боки 13, Миле Јовановски, не чувствува вина за „Рекет“

Редакција