еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На патот Ѓавато-Тополчани загина возач од Битола

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 13.04.2024 година во 10.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато-Тополчани, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С. (70) од Битола, излетало од коловозот.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.С.(65), констатирани во Медицинскиот центар Битола, каде што биле задржани на лекување, а на 14.04.2024 година возачот П.С.им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Засега само „Фајзер“ имаат дадено препорака за трета доза на вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти

Редакција

Макрон разговарал и со Радев: Да се поттикнат Бугарија и Македонија брзо да продолжат со дијалогот за спорот

Редакција

Притвор за 69-годишникот од Тетово осомничен за полов напад врз дете

Редакција