еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Макрон разговарал и со Радев: Да се поттикнат Бугарија и Македонија брзо да продолжат со дијалогот за спорот

Елисејската палата објави кратко соопштение по телефонскиот разговор на претседателот Емануел Макрон, кој последователно разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА.

Целта на овие три разговори, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија, беше да се поттикнат овие две земји брзо да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив, се додава во соопштението.

-Претседателот на Француската републиката потсети на неговата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент, стои во краткото соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски – Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каква е улогата на хијалуронската киселина вo борбата против првите знаци на стареење на кожата

Редакција

Која е новата претседателка на Антикорупциска

Редакција

Вознемирувачки снимки од уличните борби на Хамас и израелската војска

Редакција