Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал телефонски разговор со претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, информираат од Влада.
Ковачевски и Макрон се согласиле дека нема време за губење и потенцирале дека натамошното одложување на почетокот на преговорите за членство на земјава во ЕУ може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот, при што, прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан го прави сериозно безбедносно прашање
Ковачевски го нагласил интензивниот политички дијалог во последните неколку години и ангажманот на претседателот Макрон и Република Франција во однос на процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Македонијa.
За време на телефонскиот разговор се разговарало и за билатералните односи, при што било оценето дека тадиционалното пријателство меѓу двете земји, се збогатува со интензивирање на економската соработка која во изминатата година доби ново поглавје со влегувањето на Француската агенција за развој во Македонија.
Премиерот Ковачевски му ја честитал победата на Макрон на претседателските избори и му посакал успешен втор мандат како шеф на државата. Тој изразил честитки и за изборот на премиерката на Француската Република, Елизабет Борн, и истакнал дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 29 години, двете земји негуваат силни билатерални односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада