еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Каква е улогата на хијалуронската киселина вo борбата против првите знаци на стареење на кожата

Хијалуронската киселина е една од состојките во кремите за лице, која е најчесто споменувана и препорачувана за третирање на првите знаци на стареење на кожата.

Дерматологот, доктор Соња Петрушеска вели дека намалената концентрација на хијалуронска киселина е одговорна за појавата на фините линии и брчки на кожата на лицето.

„Бидејќи хијалуронската киселина има голема моќ да врзува вода, ние кога додаваме хијалуронска киселина во кожата всушност со едно моќно врзување на вода, помагаме во пополнување на фините линии и брчки.

Високо-молекуларната хијалуронска киселина е голема молекула и кога ќе нанесеме крема на лицето, тие големи молекули остануваат на површинскиот слој и таму ја прават хидратацијата на кожата и помагаат за пополнување на фините линии и брчки.

Додека ниско-молекуларната хијалуронска киселина е за 40 пати помала молекула од високо-молекуларната. Таа заради нејзината мала молекула може да навлезе многу подлабоко во кожата и на тој начин да помага за пополнување на брчките во длабочината на кожата каде што се создаваат тие брчки.

На тој начин ќе делуваме на пополнување на првите, односно на неутрализација на првите знаци на нега на кожата,“ изјави Петрушеска при презентацијата на новата крема на Еуцерин.

Таа додава дека погрешно е мислењето дека од некои производи за нега на кожата се прави зависност.

„Молекулите на хијалуронска киселина живеат околу три дена, за два до три дена тие се распаѓаат. Во организмот има едни клетки кои постојано создаваат хијалуронска киселина. И затоа со текот на годините слабее моќта да се надополнува таа моќна концентрација на хијалуронската киселина.

Преку негата,  не правиме зависност од хијалуронска киселина, односно производите. Ние само и го додаваме на кожата тоа што во стопроцентна концентрација не може да го создаде сама,“ додаде Петрушеска.

Иновативната крема Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 е специјално формулирана за намалување на напредните знаци на стареење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поразителни резултати на анкета на Факултети.мк: 83,7 отсто би се отселиле од Македонија

Редакција

Пет смртни случаи од Ковид-19 изминатите 24 часа во Тетово

Редакција

Државниот долг расте од 2009 наваму

Редакција