еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 78-годишна возраст почина бизнисменот Силјан Мицевски

Во 78 година од животот почина основоположникот и легендарен претседател на РК Пелистер, Силјан Мицевски, информираа од клубот.

Мицевски е роден на 16. октомври 1945 година во Битола. Магистрирал во Софија, на отсекот Економија и менаџмент, со што се стекнал со титулата магистер по менаџмент.


-Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат, е родното место на Силјан Мицевски и неговото семејство. Битола беше неговата гордост, инспирација и предизвик. Тоа е градот во кој Силјан помина голем дел од животот и постигна значајни резултати како успешен и деловен човек, спортист, активист, градоначалник, хуманист, како и признат граѓанин на Битола, на Македонија и пошироко на овие балкански и европски простори.

Битола е седиште и на десетина почесни конзулати, меѓу кои на: Франција, Велика Британија, Турција, Романија, Грција, Русија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Србија чиј почесен конзул беше Силјан Мицевски.

Љубовта кон ракометот е од таков интензитет и димензии што никогаш ниту престана, ниту некој посегна да му ја оттргне од емоциите. Имало меѓуфази, имало најразлични пулсативни амплитуди, но во конечна смисла и кога играта на паркетот е во прашање и кога судењето било предизвик, тој ја давал најсилната поддршка за овој спорт на кондиција, уметност, работа, талент, знаење, досетливост, волшебност и благородност. Затоа, кога се портретира големиот Силјан, спортувањето и неговата љубов, наречена ракомет, се огромни.

Со Мицевски како претседател Пелистер стана југсловенскки гигант, се бореше со најдобрите европски екипи и постави култ каков што нема на овие простори, па и во Европа.

Со Мицевски на чело Пелистер дојде на чекор до титула во најсилната лига во светот – југословенската лига, првпат играше во Европа, првпат за игра во Лигата на шампионите, освои пет титули шампион на Македонија и ја предизвика страста на цел еден град за ракометот, како култ на кој сите му завидуваат. Љубовта кон вистинските вредности и спортот ја пренесе на неговото семејство, кое и денес со успех го води клубот, велат од клубот.

Фото: РК Пелистер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како и што најавија, Алијанса на Албанците и Алтернатива во Собрание ги блокираа парите за граѓаните и фирмите

Редакција

7 пациенти со коронавирусот се на третман со кислородна поддршка, а со самокислородна маска 11

Редакција

ОН: Над 8.000 цивили загинаа од почетокот на војната во Украина пред една година

Редакција