еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Неврологот Марија Бабуновска е меѓу финалистите на 10. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

Меѓународната стручна комисија на конкурсот Меѓународни Медис награди за медицински истражувања, International Medis Awards for Medical Research, ја заврши евалуацијата на 242 научно-истражувачки трудови, од кои 148 апликации ги исполнија строгите критериуми за номинација.

Меѓу избраните 18 финалисти е и д-р Марија Бабуновска од Македонија. Медис веќе десетта година по ред ги наградува извонредните истражувачки достигнувања на лекарите и фармацевтите од државите од Централна и Југоисточна Европа.

Објавувањето на победниците во поединечните области и свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 7 март 2024 год. во Љубљана, Словенија.

Д-р Марија Бабуновска е избрана меѓу финалистите во областа на неврологијата со својата поднесена статија „Фрактури кај лица со епилепсија: Кохортна студија базирана на национално ниво“ објавена во научно списание „Epilepsia Open“.

Студијата на неврологот Бабуновска истражува голема, национална група на пациенти со епилепсија за да покаже дека истите имаат зголемена преваленца на фрактури на коските во споредба со oпштата популација.

„Целта на студијата беше да се добијат нови сознанија кои ќе им помогнат на пациентите со епилепсија. Оваа студија додава сеопфатни информации за фрактури кај луѓе со епилепсија кои би можеле да помогнат во обидот да се воспостави ефикасна превенција.

Чест ми е што во сериозна и голема конкуренција, мојот труд е меѓу финалистите на Medis Awards. Тоа е признание за досегашниот труд и посветеност, но и мотив за понатамошни истражувања за доброто на пациентите,“ изјави д-р Бабуновска, невролог на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, која во моментот работи на докторски студии на полето на неврологијата, со фокус на здравјето на коските кај пациенти со епилепсија.

Осумнаесетте финалисти на 10. International Medis Awards for Medical Research по области се: Гастроентерологија: Лоренц Балкар, Австрија и Дејвид Бауер, Австрија; Гинекологија: Габор Сабо, Унгарија и Лука Рошкар, Словенија, Австрија; Интензивна нега и анестезиологија: Димитар Тонев, Бугарија и Никола Брадиќ, Хрватска; Неврологија: Андраш Саламон, Унгарија и Марија Бабуновска, Македонија; Офталмологија: Кораљка Хет, Хрватска и Маја Живковиќ, Србија; Педијатрија: Гордана Букара-Радујковиќ, Босна и Херцеговина и Ивана Тривиќ Мажураниќ, Хрватска; Пулмологија и алергологија: Ивана Хуљев Шипош, Хрватска и Јуре Урбанчич, Словенија; Ревматологија: Ирина Гесл, Австрија и Ана Банко, Србија; Фармација: Леа Кнез, Словенија и Милена Анѓелковиќ, Србија.

За наградите International Medis Awards for Medical Research аплицираат лекари и фармацевти кои ги објавиле своите научно-истражувачки трудови во реномирани научни публикации со импакт фактор повисок од 1.500.

Годинава, на конкурсот пристигнаа 242 апликации од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Словенија, Србија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора. Од нив, 148 апликации ги исполнија сите високи критериуми за место помеѓу номинираните за наградата International Medis Awards.

Доделување на наградите ќе се одржи на 7. март 2024 годina во Љубљана.

Конкурсот е основан во 2014 година од словенечката фармацевтска компанија Медис, која и денес сè уште е главен спонзор на конкурсот. Компанијата има свое претставништво и во Македонија. Повеќе информации на: medis-awards.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот на граничните премини Богородица и Стар Дојран поминале 51 илјади патници

Редакција

За 24 часа 395 нови случаи на Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокираат крстосници во Скопје и други градови секој ден, се додека Владата не го објави „Патоказот“ за кој разговара со Бугарија

Редакција