еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокираат крстосници во Скопје и други градови секој ден, се додека Владата не го објави „Патоказот“ за кој разговара со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ од утре ќе блокираат сообраќајници низ Скопје и другите градови, најавија денеска од партијата. Тие се одлучиле на овој чекор за, како што велат, да ја принудат Владата да соопшти што преговарa со Бугарија.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат детали што пишува во “Патоказот“ за кој преговара владиниот специјален претставник за Бугарија, Владо Бучковски.

Во ВМРО-ДПМНЕ постоел сомнеж дека во процесот на преговори, на маса биле ставени прашања кои се однесуваат на идентитетот, јазикот, историјата и културата.

Најавените протести ќе стартуваат во 15 часот и ќе траат до 17 часот.

Утре во Скопје ќе бидат блокирани крстосниците пред Мавровка, пред Собранието и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барањата од Декларацијата на бугарскиот Парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот од маркет во скопско Црниче

Редакција

Има куќа од наследство, хипотека и 104 илјади евра заштеда: Каков имот пријавил пратеникот Мендух Тачи

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 22 лица, 657 казнети за неносење маска

Редакција