еМагазин
Image default
Македонија

Електронска комуникација меѓу Јанакиески и Канческа-Милевска презентирана на судењето за „организаторите на 27 април“

Електронска комуникација меѓу обвинетиот Миле Јанакиески и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска беше презентирана на рочиштетот за случајот „организаторите на 27 април“.

Материјалните докази објавени од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го опфаќаа период од 21 февруари 2017 година.

Интегралното читање на пораките меѓу обвинетиот Јанакиески и Канческа – Милевска, обвинителката Вилма Русковска, го почна со порака пратена до Јанакиески од Милевска: „Миле, има нешто ново“, при што тој одговара, со „не“.

Во продолжение на пораките меѓу Јанакиески и Канческа, се збори и за уметници од разни градови од државата. Обвинетиот Јанакиески, во една од пораките до Канческа, се жали за озвучувањето на еден протест пред Владата.

Според доказите што ги читаше обвинителката Русковска, наведените лица се договарале Владо Јовановски, да се обрати на еден настан. Освен за Јовановски, тие се допишувале и дека на овие настани треба да се обратат познати лица и доктори. Разговорите на оваа тема се одвивале на 27 февруари 2017 година.

Слични разговори имало и после овој период, односно Канческа, го информира обвинетиот Јанакиески, дека пред Собрание ќе биде топ.

Дел од барањата на Милевска кон обвинетиот Јанакиески, се и барањата за обезбедување на свирчиња и труби.

Освен електронската комуникација тие, како што произлезе од денеска презентираните докази имале средби и во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во една од пораките меѓу нив се вели дека: „срамота е зошто докторите и професорите ги нема“.

Судењето за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Вилма Русковска.

Во овој предмет обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Според обвинението тие се осомничени за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораки меѓу Спиро Ристовски и Елизабета Канческа-Милевска се читаа на судењето за „организаторите на 27 април“

Вработен во МВР, сведочеше на судењето за „организаторите на 27 април“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање

Редакција

Најголем рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ, втора е СДСМ, Левица четврта: Анкета на ИПИС

Редакција

Алсат М: И двајца полицајци меѓу настраданите во несреќата во Бугарија

Редакција