еМагазин
Image default
Македонија

Пораки меѓу Спиро Ристовски и Елизабета Канческа-Милевска се читаа на судењето за „организаторите на 27 април“

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, при една електронска комуникација во 2017 година со екс министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, обвинет во случајот „организаторите на 27 април”, го информира дека: „во протестите фалат спортисти“, а одговорот на обвинетиот Ристовски, е дека е „запознаен и дека прави притисоци секој ден“.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, при читање на материјалните докази во дополнение на доказна постапка, денеска прочита пораки на обвинетиот Ристовски, каде тој и одговара на Милевска: „тоа е срце, ти кажав ова е атмосфера”.

Истовремено, во текот на почеток на месец март 2017 година, Канческа го брифира сега обвинетиот Ристовски, за организацијата на настаните. „Горан Стoјановски (Џемо Билбил) и други ги договоривме за утре”, му пишува Милевска, на Спиро Ристовски, на 2 март 2017.

Претходно на денешното рочиште за „Организаторите на 27 април” беа изведени материјални докази и за обвинетиот Миле Јанакиески. Во однос на овие докази беше сослушан и вработен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

Судењето за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Вилма Русковска.

Во овој предмет обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Според обвинението тие се осомничени за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во МВР, сведочеше на судењето за „организаторите на 27 април“

Електронска комуникација меѓу Јанакиески и Канческа-Милевска презентирана на судењето за „организаторите на 27 април“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести зачудена од нападите и квлификациите на угостителите

Редакција

Отец Пимен не му остана должен на Каракачанов: Брзал да ни го честита националниот ден на измислувањето

Редакција

Убава вест: 916 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција