еМагазин
Image default
Македонија

Вработен во МВР, сведочеше на судењето за „организаторите на 27 април“

Вработен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, Марјан Димовски, денеска сведочеше во случајот „организаторите за 27 април“, во однос на вештачењето на мобилните телефони на дел од обвинетите.

– Извештајот е од 26.06.2018 година по наредба на Катица Јанева, од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во ноември 2020 година, не можам точно да се сетам, доставивме копија од вештачењето по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Немам лиценца за вештачење издадено од Министерството за правда, не сум регистриран во регистарот на вешти лица, изјави сведокот Димовски.

Воедно, тој истакна дека негова надлежност е само да ги извади податоците од мобилните телефони, но не и разгледување на нивната содржина.

По исказот на овој сведок одбраната побара да не се изведуват доказите од извештајот изготвен од Димовски, од причина дека истиот не поседува лиценца за вештачење од ваков тип.

Обвинителката Вилма Русковска, во својот говор посочи дека во овој случај не се работи за вешт наод и мислење, туку извештај од екстракција на мобилните телефони. Според обвинителката ова прашања треба да се разграничи.

Судијата Илија Трпков, ги отфрли приговорите на одбраната и дозволи доказите од извештајот да се изведат.

Судењето за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Вилма Русковска.

Во овој предмет обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Според обвинението тие се осомничени за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораки меѓу Спиро Ристовски и Елизабета Канческа-Милевска се читаа на судењето за „организаторите на 27 април“

Електронска комуникација меѓу Јанакиески и Канческа-Милевска презентирана на судењето за „организаторите на 27 април“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ги кани Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба во петок

Редакција

Убава вест: Оздравени 973 болни од Ковид-19

Редакција

Јанева во Кривичниот суд, се одлучува дали ќе оди во притвор

Редакција