еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Отец Пимен не му остана должен на Каракачанов: Брзал да ни го честита националниот ден на измислувањето

Ќе се зачудите кога ќе прочитате за љубовта на овој човек. Ретка фотографија од Красимир во момент на брзање да не закасни да ни го честита националниот ден на измислувањето, напиша Отец Пимен на својот Фејсбук профил под објавата на фотографија од бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Претходно, тој на 23 ноември по повод роденденот на Никола Карев исто така го прозва Каракачанов.

„Не денешен ден е роден Никола Карев. Претседателот на Крушевската република. Сум прочитал во неговите интревјуа од почетокот на минатиот век како вели дека е Македонец и се чувствува како потомок на Александар Македонски.

Не сум сретнал негово сведоштво дека е потомок на Зиези, Авитохол, Кубрат, Батбајан, Аспарух, Кормисош, Токту, Омуртаг, Маламир…. Ниту дека Тито го убедил така да се изјаснува.

Но ете можеби сум недоволно информиран. Ако Красимир има таков податок се моли да го објави.

Вечен споменот на Војводата да е и на идејата!“, напиша отец Пимен.

Фото: Фејсбук/Отец Пимен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев одговори на навредите од Каракачанов дека е Бугарин: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

Борисов за германски ФАЦ: Македонците се насилно преобратени Бугари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Aвтомобили запалени кај Бит-пазар

Редакција

Мухамед Зекири и неговото семејство хоспитализирани, имаат висока температура, но се во добра состојба

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ потврди дека е во финални преговори за продажба на мнозинскиот удел на холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare

Редакција