еМагазин
Image default
Локално

„Руски рулет“ во Скопје: Во еден ден казнети 26 возачи кои управувале автомобил без дозвола

Во текот на вчерашниот ден, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои 26 санкции за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР соопштија дека при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се и 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тепачка меѓу малолетни штитеници на домот „Ранка Милановиќ“

Редакција

Карпошани излегуваат од мрак, ќе свети секоја втора улична светилка, вели Јакимовски по реакцијата на граѓаните

Редакција

Скопјанец пронајден мртов во стан на булеварот „Партизански одреди“, нема траги на насилство

Редакција