Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во вторник, 31. декември ќе работат по редовен зимен возен ред.
„Во среда (1.01.2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од четврток (2.01.2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст,“ се вели во соопштението.
Во среда на 1. јануари билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од четврток 2. јануари продолжуваат со вообичаено работно време.
Жичницата на 31. декември ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1. јануари од 11 до 17 часот.