еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не е коректно што Македонија се уште не ги отвори преговарачките поглавја, порача претседателот на хрватското Собрание

Во своето обраќање во македонското Собрание, претседателот на хрватското Собрание, Гордан Јандроковиќ, меѓудругото порача дека не било коректно што Македонија се уште не ги отворила преговарачките поглавија со Европската Унија (ЕУ).

„Се надеваме дека нашето партнерство во НАТО ќе биде надградено со вашето членство во ЕУ.

Нам, во Хрватска, ни е важно што одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија беше донесена за време на нашето претседавање со Унијата во март 2020 година. Но, за жал и по 5 години вашите преговори се уште не се формално отворени. Тоа не е коректно.

Имајќи го тоа предвид, го разбираме нетрпението на вашите граѓани. Хрватска високо ги цени вашите постигнувања и смета дека заслуживте многу поголем напредок и ќе ве поддржи на европскиот пат.

И ние поминавме многу напорен пат до членството, и врз основа на нашето искуство, ви велиме дека треба да истраете“, рече меѓудругото Јандроковиќ.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Порше лизинг“ го доби тендерот на ОТА за „рентање“ четири возила вреден 86.000 евра

Редакција

Немало туби со гориво во автобусот на “Беса транс“, вели министерот Спасовски

Редакција

Ковачевски не кажа дали и кога ќе се сретне со приватните превозници

Редакција