еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не им давајте лажна надеж на граѓаните дека ќе се сменат одредби од Преспанскиот договор, вели Османи за пасошите

„Мислам дека наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор, кој е меѓународен ратификуван договор, дека ќе го смениме Законот за спроведување на уставните амандмани, треба да работиме граѓаните да немаат пречки после 13. февруари,“ изјави меѓудругото министерот за надворешни работи Бујар Османи, за рокот за промена на пасошите.

Тој апелираше да се забрза издавањето на пасоши, да почнат налепниците да се лепат на регистарските таблички.

„Сметам дека е некоректно сега да им испратиме порака на граѓаните „седете сега вие без грижа затоа што ние ќе средиме“ и после да кажеме дека не сме успеале“, додаде Османи.

Според него, грчките власти имаат целосно разбирање за техничките аспекти во процесот на издавање на новите лични документи и проблемите со кои се соочуваат граѓаните во земјава во тој поглед, но дека обврските кои се преземени со меѓународниот договор и натаму остануваат.

„Грчката страна треба да ја информира ЕУ дека стапува во сила рокот, а после тоа сите држави кои ќе ја примат таа информација од страна на Грција ќе почнат да ја почитуваат“, рече Османи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Бесник Авдија, кој е избран за претседател на Основен граѓански суд Скопје

Редакција

Струмичката „МКМ Ауто“ го доби тендерот на Основниот суд Скопје 2 за набавка на возило вредно 32.500 евра

Редакција

Обвинителството побара притвор за таткото на Вања, спроведен е во Кривичен

Редакција