еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Беса Адеми останува претседателка на Врховен, не помина нејзиното разрешување

Судскиот совет со 7 гласа „за„ и 4 гласа „против“ одлучи претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да не биде разрешена од функцијата, односно да се запре постапката.

„Отсуствата на претседателката на Врховниот суд се оправдани, а оправдани се затоа што ние сме го оправдале тоа. Ние на самите записници потврдуваме дека е оправдано отсутна заради конференции и така натаму. Во периодот наназад и тоа какви успеси има Врховниот суд.

Јас се гордеам со нејзините успеси во Врховниот суд. Ниту едно нејзино отсуство не предизвикало потреба за одложување на седницата. Јас не видов дека се одложила седница поради неа. Таа ги гледала материјалите, ги проучувала и ги знае сите состојби што се случуваат во Судскиот совет.

Иако физички не е присутна, сепак тоа не се одразило врз работата на Судскиот совет. Како што кажа Сашко Георгиев, таа присуствувала онаму каде што било неопходно. Се работи за член по функција, нема право на глас, нема штета врз Судскиот совет“, рече претседателката на Советот, Весна Дамева пред гласањето.

Барањето за разррешување дојде од членот на советот, Миљазим Мустафа, кој обвини дека со нејзиното неприсуство на седници ја нарушила работата на Судскиот совет, иако таа нема право на глас, бидејќи е член по функција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 154 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

(Фото) Космонаутко го ревакцинираше вицепремиерот Битиќи

Редакција

Уставен одлучи привремено да не важи графата за етничка припадност во изводите

Редакција