еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нова лента за брзо поминување на Меѓународниот аеродром Скопје

ТАВ Аеродроми, преку ТАВ Оперативни услуги и поддржани од страна на Виза, со задоволство објавува дека од 18. март 2024 лансира нова услуга, лента за брзо поминување за патниците на Меѓународниот аеродром Скопје кои се сопственици на Виза премиум картички, информираат од таму.

Со воведувањето на ваква нова услуга за брзо поминување, која е создадена да го подобри патничкото искуство на патниците, почнувајќи од 18. март 2024, патниците кои користат Виза премиум картички, можат да ја искористат оваа услуга за да го забрзаат своето патување низ аеродромот и да ги прескокнат редиците на контролните пунктови за пасошка и безбедносна проверка.

„Воведувањето на услугата за брзо поминување на Меѓународниот Аеродром Скопје е уште една предност за патниците, бидејќи како аеродромски оператор – ТАВ Аеродроми, веруваме дека времето е најскапоцената валута за нашите патници.

Со воведувањето на нашата услуга, лента за брзо поминување, заштедуваме минути и време и создаваме дополнителна удобност за нашите патници,” изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Две порти за брза проверка се достапни во делот на Заминувања на Меѓународниот Аеродром Скопје, првата е пред пасошка контрола, а втората веднаш по пасошка контрола, пред пунктот за безбедносна проверка.

Сите оние кои поседуваат Виза премиум картички со повлекување на картичката на посебните читачи на портата што води кон лентата за брзо минување, ќе можат да ги заобиколат редиците.

„Среќни сме што заедно со ТАВ Оперативни услуги, можеме да ја обезбедиме оваа поволност за корисниците на Виза премиум програмата, кои патуваат низ Меѓународниот Аеродром Скопје. Нашата цел е да претставиме уникатен сет на бенефиции кои ќе им дадат на корисниците на Виза премиум картичките дополнителна слобода, флексибилност и сигурност,”  изјави Ана Драшковиќ, потпретседател на Виза за Југоисточна Европа.

Тимот за односи со клиенти на ТАВ Оперативни услуги и тимот за односи со клиенти на Виза ќе бидат достапни за да ги поддржат патниците кои сакаат да ја искористат оваа нова поволност на Меѓународниот Аеродром Скопје и да се почестат себеси со ексклузивен, рационален и непречен процес на Заминување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основното јавно обвинителство Струга ќе истражува за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Редакција

Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години, вели Заев за твитот поради кој се налути Грција

Редакција

Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата

Редакција