Денеска на седница на Советот на јавни обвинители едногласно беше одлучено обвинителката од Вишото јавно обвинителство, Наташа Крстевска Цалева да раководи со Обвинителство, додека трае кривичната постапка за вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.
На крајот на јануари годинава за Хајрулахи беше поведена дисциплинска постапка поради утврдени неправилности во начинот на заведување на предметите во Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дисциплинска за обвинителите Хајрулахи и Цветановски
Тој беше реизбран за виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје во декември 2022 година, а кон крајот на минатата година тој беше суспендиран од функцијата откако против него беше покрената истрага и поднесена кривична пријава.
Од Основното јавно обвинителство тогаш соопштија дека истрага е за малтретирање во вршење на службата и злоупотреба на службената положба и овластување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ