еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Електродистрибуција со нови инвестиции во штипскиот регион – силна поддршка за производителите на обновлива енергија

Со инвестицијата вредна 2 милиони евра целосно е реконструирана високонапонската трафостаница Штип 1 (ТС 110/35/10 kV) и успешно е пуштена во употреба во електродистрибутивната мрежа, информираат од Електродистрибуција.

Со ова, покрај зголемување на сигурноста на снабдувањето со електрична енергија, овозможено е и приклучување нови потрошувачи и производители на обновлива енергија во штипскиот регион.

„Забрзаната динамика на изградба на производствени капацитети од обновливи извори на енергија во околината на Штип е една од главните причини за оваа обемна инвестиција во електродистрибутивната мрежа.

Наша цел е да овозможиме сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија на корисниците, но и да го поддржиме и поттикнеме локалниот економски развој и производството на зелена енергија,“ изјави Сашо Салтировски, извршен менаџер на Електродистрибуција.

Извршниот менаџер на Електродистрибуција, Матијас Шаибелрајтер изјави дека инвестициската активност на Електродистрибуција е во план да се интензивира во текот на 2024 година и да достигне 74 милиони евра.

Секогаш имајќи ги предвид потребите на корисниците, планирани се низа проекти за зголемување на квалитетот на напојувањето, но и дигитализација на услугите и модернизација на електродистрибутивната мрежа,“ изјави Шаибелрајтер.

Надградбата на трафостаницата Штип 1 подразбираше реконструкција на постојната 10(20) kV постројка со проширување и ставање во функција на нови 10(20) kV ќелии со нова примарна и секундарна опрема, релејна заштита и далечинско управување на истите, реконструкција на 35 kV трафо ќелии и дел од 35 kV изводни ќелии и замена на постојните со нови примарни врски до енергетските трансформатори.

Заменет е и едниот трансформатор со нов при што е инсталирана и нова релејна заштита за енергетските трансформатори 110/35/10 kV ЕТР1 и ЕТР 2 со автоматска регулација на напон и активирање на терцијалната намотка и на вториот енергетски трансформатор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „ТНТ“: Рустеми побара затворска казна за Груевски и повлече дел од обвинението за Јанакиески

Редакција

Туристичките работници бараат итно бесплатни ПЦР тестови за странски туристи

Редакција

Нови 1.259 случаи на Ковид-19 од 4.555 тестирања

Редакција